Македонија
1. September 2017 - 16:29

120 жители на 3 села во Гевгелиско затруени од ешерихија коли во нехлорирана вода од водоводот

Масовна епидемија од неисправна вода за пиење во Гевгелиско. 120 лица од Стојаково, Богородица и Селемнија со повраќање, болки во стомакот, дијареа и дехидрирани во неделата побарале лекарска помош во болницата во Гевгелија. Денеска од Центарот за јавно здравје Велес потврдија дека во водата која ја пиеле заболените пронајдена е бактеријата ешерихија коли. Имало дефект на главниот градски цевковод.

Резултатите од примероците кои биле испитувани во велешкиот центар покажажале дека во водата во трите населени места во гевгелиско немало хлор. По преземените мерки стагнирал бројот за заразени со ешерихија коли.

Од Центарот за јавно здравје Велес дека за случајот со хидричната епидемија ги информирале сите надлежни институции вклучувајќи го и ДСЗИ, но директорката вели дека немале пријава за хоспитализирани лица со ешерихија коли.

Инаку од ДСЗИ денеска на прес конференција се пожалија дека немаат доволен број инспектори. Ако не се преземат мерки за неколку години наместо и со досегашните 30 ќе останеле на 10 бидејќи другите заминуваат во пензија. Од здравствениот инспекторат порачаа дека во иднина кога ќе има труење со храна нема да примаат никакви ургенции да се сокријат ваквите случаи.