1.300 регистрирани случаи на насилство врз жени и деца само оваа година во земјава
1300 случаи на семејно насилство само годинава биле пријавени во Центрите за социјална работа. Најчесто жени физички биле нападнати од партнерот. Според министерката за труд и социјала во земјава сеуште тешко се препознава психолошкото малтретирање.
За справување со насилството во Македонија усвоен е национален акциски план за спроведување на Истанбулската конвенција.
-Овие насоки од Истанбулската конвенција ќе помогнат за промена на менталитетот. Неоходно е да се разбере и прифати дека Истанбулската конвенција не панацеа, лек сега и тука и сама по себе не е решение, кое ќе направи насилството врз жените и девојчињата да исчезне преку ноќ. Таа е само алатка која ќе не држи будни ова прашање никогаш да не го занемариме,изјави Зоран Заев, Премиер на Р.Македонија.
Инаку во Регионот секоја трета жена е жртва на насилство.
- Податоците според кои 20 до 40 отсто од жените во регионот на Западен Балкан и Турција страдааат од физичко насилство, а над 50 отсто од психолошки покажува дека овој феномен е длабоко вкоренет во овој дел од светот, изјави Самуел Жбогар, амбасадор на ЕУ во Македонија.
Овие податоци беа презентирани на регионалниот форум за промовирање и имплементација на Истанбулската конвенција која има за цел да се искорени домашното насилство и да престане малтретирањето на жените.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
