Македонија
4. February 2025 - 12:23

153 години од раѓањето на Гоце Делчев

Денеска се одбележуваат 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Централното чествување е во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде што цвеќе положува државниот врв. Присутна беше Претседателката Сиљановска, Премиерот Мицкоски и опозицискиот лидер Филипче како и бројни собраниски и пратиски делегации и претставници на здруженија на граѓани. 

На годинашното чествување нема официјална делегација од Бугарија.

Шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев вчера изјави дека заедничко одбележување на 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари нема да има, бидејќи Бугарија не добила покана од Македонија.

Роденденот на Гоце Делчев се одбележува и во Штип, Битола, Струмица и уште неколку македонски градови. 

Панихидата ја предводеше Архиепископот Охридски и македонски Г.Г Стефан.