168,7 килограми режан тутун запленети во Прилеп

Царински службеници од царинарница Битола и мобилни тимови од Одделението за оперативни работи на зелениот пазар и градскиот плоштад во Прилеп спроведоа акција за контрола на акцизни производи, при што се запленети вкупно 168,7 килограми режан тутун, за кои е избегнато плаќање акциза во висина од 463.787 денари. Во акцијата е повикана и асистенција од полициски службеници.
Како што информираат од Царинскат ауправа, при тоа се фатени шест лица како продаваат тутун без акцизни маркички, со што најгрубо го прекршиле законот, го оштетиле Буџетот на државата и го загрозиле здравјето на граѓаните. Против нив се поведени соодветни постапки пред надлежниот суд и Комисијата за прекршоци.
Ова е втора акција на Царинската управа, за многу краток период. Претходно во контрола на пазарот во Чаир беа запленети 135 килограми режан тутун.
Од Царинската управа посочуваат дека продолжуваат со засилена борба против нелегалната трговија со тутун и тутунски производи преку зајакнати контроли во внатрешноста на државата и засилени истраги за увозот на тутун и тутунски производи.
МИА
Ново на Сител
-

Исплатата од „Алта банка“ започна и во Струмица, но со неколкучасовно доцнење
-

Цените на горивата паѓаат, животните трошоци растат
-

Нема неправилности во работата на ЦСР Гевгелија за убиството на 17-годишната Билјана
-

Судењето за Ива Михаилова продолжи во нејзино отсуство
-

УГД ги суспендираше двајцата осомничени вработени
-

Мицкоски: Mакедонскиот јазик мора да биде франка лингва во правосудниот систем
-

Нов модел на студентско стипендирање
-

Гужви во пунктовите за имунизација со деца од градинки кои не примиле МРП вакцина
