Македонија
1. February 2018 - 16:53

20-сетина пациенти со проблеми на очите поради загадениот воздух се јавуваат дневно во Клиника

Кога воздухот е загаден  по дваесетина граѓани дневно поради проблеми со видот бараат помош на Очната клиника. Штетните гасови им предизвикале солзење, печење или црвенило околу очите. Слични симптоми имале и веќе оперирани пациенти.

-Најчесто пациенти кои ни доаѓаат се оперираните, кај кои надворешните влијанија во овој случај предизвикале иритација со печеење, оток и црвенило и милат дека нешто се искомплицирало по операцијата, изјави д-р Ирина Богданова, Клиника за очни болести.

Офталмолозите предупредуваат дека штетните гасови во воздухот покрај кардиоваскуларни и респираторни предизвикувааат проблеми и на очите.

-Сулфур диоксидот предизвукува иритација, печење и други симптоми на очите, додаде д-р Богданова.

Доктор Богданова советува доколку граѓаните подолго време имаат црвенило и печење на очите да побараат лекарска помош од офталмолог.