-->
-->
22-годишник од Дебарско приведен поради вонбрачна заедница со малолетничка
-->

Полицијата поднесе кривична пријава против 22-годишно момче од дебарско село поради сомнение дека живеело во вонбрачна заедница со малолетничка.
Според информациите од МВР, на 13 август годинава, осомничениот С.Ц. (22), по претходен договор, со својот автомобил ја зел малолетничката во близина на нејзиниот дом, по што започнале да живеат во вонбрачна заедница.
По преземените мерки, полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи, во присуство на член од семејството на малолетничката, извршиле службени разговори.
По спроведените активности, 22-годишникот бил лишен од слобода.
Против него ОВР Дебар поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
-

Почна расправата за Законот за јавни набавки
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Над 30 члена брои листата поканети говорници на надзорната комисија за Алта банка
-

Изгласан вториот ребаланс на буџетот
-

Трамп ја номинира адвокатката Кристи Меккормик за нова амбасадорка во Македонија
-

Нацрт-верзиите на Кривичниот Законик и Законот за кривична постапка отпатуваа за Брисел
-

До февруари „Сејф Сити“ низ цела држава – Годишно се очекуваат 10 милиони евра од казни во буџетот
