25 години хумана мисија на Дедо Мраз од Кавадарци
25 години хуманост и детска радост, поделени над 22.000 новогодишни пакетчиња, илјадници насмеани дечиња, помош за кои таа им е најпотребна. Годинава најпознатиот Дедо Мраз во Македонија, кавадарчанецот Ѓорѓи Варелоски одбележува чеврт век, откако секоја година се облекува во Дедо Мраз и ги повикува дечињата да ги пречека во неговиот магичен двор, да им даде новогодишно пакетче и да ги прошета низ неговото царство. Вели дека ова не го прави воопшто за бизнис тука исклучиво од срце и душа.
„Јас не сакам да печалам, ако јас сакав да печалам досега ќе имав авион и аеродроми, денеска најголемата печалба е врз децата, а јас сум сепак најбогатиот човек, не парично туку во душата“, рече истакна Ѓорѓи Варелоски, Дедо Мраз.
До пред неколку години сите пакетчиња ги давал бесплатно, но сега ги наплаќа по 150 денари. Но и тие пари не се за него, откако ќе завршат празниците ги донира на социјално загрозени семејства, а сосема мал дел остава за обнова на играчките и светилките на овој прекрасен двор.
„Лани подарив парии на 3 семејства и ова година се надевам дека ќе помогнам на некој“, додаде Варелоски.
Сезоната на посети ја отвори со поддршка на Општина Прилеп и децата од основните училишта од овој град, кои пред да пристигнат тука ги прошета низ повеќе знаменитости на Кавадарци. Дечињата беа восхитени од тоа што можеа да го видат, најуникатното место во цела Македонија.
„Прекрасно место е направено, Дедо Мраз има направено прекрасна куќа, преубава е куќата ии препорачувам сите да дојдат и да ја посетат“, рече едно од дечињата.
„Мојата најголема желба за Нога година е да бидам здрав и жив“, рече друго детенце.
„Јас му препорачувам на секое дете од Македонија да дојде овде во ова прекрасно царство и да го запознае кавадаречкиот Дедо Мраз“, истакна уште едно пд децата кои ја посетија куќата на Дедо Мраз.
Секако без столбот и најголемата поткрепа за се ова што го работи на Дедо Мраз му е кој ако не неговата Баба Мразица.
Ова е пораката на Дедо Мраз
„Да имаме малку срце и душа и кога гледаме вакви добри работи да ги помагаме сите, колку можеме толку, ова се работи за нас“, истакна Варелоски.
Царстсвото на Дедо Мраз е отворено секој ден од 18 до 20 часот.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар