40 стипендии за студенти од Медицинскиот и Фармацевтскиот факултет од фондацијата ,,Трајче Мукаетов‘‘
28 студенти на медицинскиот и 12 од фармацевтскиот факултет се новите стипендисти на фондацијата “Трајче Мукаетов“. Цела година ќе добиваат по 6500 денари месечно. За 11 години Фондацијата која е дел од Алкалоид има доделени стипендии на 458 студенти.
-Од кои 185 студенти по фармација и 160 по медицина се веќе дипломирани. Од овие студенти кои сме ги стипендирале 64 веќе работат во компанијата „Алкалоид АД“ од Фармацевтскиот факултет и пет од Медицинскиот факултет, изјави Живко Муакетов, Претседател на Фондацијата и генерален директор на „Алкалоид АД“ Скопје.
И годинава Фондацијата “Трајче Мукаетов“ додели еднократна парична по 1200 евра на првенците на генерациите на Медицина и Фармација.
-Тоа се Филип Илиевски од Фармацевтскиот факултет со просек 9,78 и Марија Тодоровска од Медицинскиот факултет со просек 9,83, кои и досега биле стипендисти, додаде Мукаетов.
Инаку од Фондацијата посочија сека за 11 години вложиле 1,35 милиони евра во стипендирање на идни лекари и фармацевти, донирале 24.000 евра за првенците на генерации на истоимените факултети за девет години, а преку хумантитарните пикници за вработени во Алкалоид изминатите осум години биле собрани околу 115.000 евра и истите се доделени на здравствени установи и организации.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
