43 заразени од западнонилска треска, откриен вирусот и кај мртов гарван во Скопје

Министерот за здравство, Сашо Клековски, информираше дека Агенцијата за храна и ветеринарство го потврди првиот случај на западнонилска треска кај мртва птица во Скопје. Во меѓувреме, заболувањето е регистрирано и кај жители на општините Центар и Чаир.
Вкупно досега се евидентирани 43 случаи на западнонилска треска, од кои 40 се потврдени, а кај три пациенти има потврда со еден тест.
„Она што е ново во однос на претходната состојба е појавата на првите случаи во Центар и Чаир. Во тек е и контрола на птиците, при што е пронајдена првата мртва птица позитивна на западнонилска треска. Станува збор за гавран пронајден во Скопје“, изјави Клековски.
Министерот им се заблагодари на граѓаните за пријавувањето на мртви птици, што, како што посочи, придонесува за подобро следење и утврдување на ризичните подрачја.
Мртвите птици ги собира Агенцијата за храна и ветеринарство, а нивното тестирање и лоцирање помагаат во проценката и контролата на ризикот од ширење на западнонилската треска.
Ново на Сител
-

Вонредна дератизација на критични локации во Центар
-

Пожарникарите спасија мало теле на Китка
-

Горивата поскапуваат од 1,5 до 3,5 денари за литар
-

Во октомври се очекува да биде ставен во функција патот од Извор до Врбјани
-

Свечено отворено Светското јуниорско првенство во параглајдинг Крушево 2026
-

Победниците на УС опен 2026 ќе добијат по 5,5 милиони долари
-

Попладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Собранието демантира дека плаќа приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените
