50 дечиња од Гевгелија со респираторни инфекции - тим педијатри од Скопје ќе ја испитуваат причината
Тим од неколку специјалисти од клиниката за педијатрија ќе прави скрининг во гевгелиската болница поради зачестените респираторни инфекции кај децата во овој град. Докторките Аспазија Софијанова, Весна Мицевска и Валентина Јовановска Огненовиќ од денеска доаѓаат во Гевгелија за да им дадат поддршка на нивните колеги педијатри, но и да направат и евентуални дополнителни испитувања во делот на специфичната дијагностика.
Испитувањата ќе се прават бидејќи само за еден месец во болницата во Гевгелија, лекарска помош побарале 50 деца и бебиња со симптоми за респираторни инфекции, кои не се специфични за овој период од годината.
Од болницата информираа дека тие досега ги презеле сите здравствени протоколи за третман на младите пациенти, но поради неспицифичноста на самите инфекции кои се појавиле во топлиот период, а кои се карактеристични за есен и зима, потребни се дополнителни анализи.
Во мометов, во болницата во Гевгелија хопситализирани се само две бебиња, поради возраста, а дваесетина деца се на терапија, но истите не се задржани во болница.
Децата биле тестирани и на Ковид 19 и кај сите нив резултатите биле негативни.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар