52. ден протести на иницијативата ,,За заедничка Македонија‘‘ против Тиранската платформа
Со чадори граѓаните денеска ја поминаа патеката на државноста. Дождот и студеното време не ги спречија масовно да излезат на улиците за подршка за Заедничка Македонија.
Организаторите од граѓансклата иницијатива и на врнежливото време пред собранието ги повторија барањата за отфрлање на тиранската платформа и повикаа странците да не се мешаат во внатрешните работи на државата.
-Вака се сака сопствената држава. Ова не е натчовечки напор, напротив ова најчовечки напор. И на дожд, и на студ, и на сонце, а ако треба и на снег, тука сме на нашата патека и не си одиме дома, порача Богдан Илиевски Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
- -Ние не смееме да го изгубиме образот, достоинството, честа, не смееме да ја изгубиме Македонија, македонскиот јазик, унитарноста и Уставот на Република Македонија. Нашата земја е мултиетничка, во која живеат голем број етникуми. Таа е заедничка земја на сите нас. Македонија не е идеја, Македонија е аманет оставен од нашите претходници. Аманетот не се заборава и затоа треба да ја чуваме, изјави Зоран Пејковски, поет и публицист.
И на 52-от ден од протестите граѓаните се едногласни за зачувување на унитаррноста на државата и отфрлање на платформата.
Граѓанската иницијатива и за утре закажа нов протест во 17 часот пред Влада.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
