54-годишник од Куманово истурил две шишиња бензин во семејниот дом и се заканувал дека ќе ги запали ќерката и внуката

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 54-годишен маж за кривично дело „Загрозување на сигурноста“ и предложи да му биде определена мерка притвор поради, како што наведуваат од ЈОРСМ, опасност од повторување на насилството и сериозна загрозеност на животот и безбедноста на членови на неговото семејство.
Постапката е поведена по кривична пријава од СВР Куманово. Според Обвинителството, осомничениот упатувал вербални закани дека ќе ги запали ќерката и внуката.
Тој, како што наведува ЈОРСМ, презел и конкретни дејствија, истурил две шишиња бензин во семејниот дом.
Од Обвинителството информираат дека против 54-годишникот веќе е поднесено обвинение за телесна повреда на неговата ќерка при вршење семејно насилство под дејство на алкохол, а предметот е во фаза на судење.
По пријавувањето на новиот настан итно била изготвена проценка на ризик, која укажала на сериозна опасност по животот и физичкиот и психичкиот интегритет на жртвата и членовите на нејзиното семејство, како и на ризик од повторување на насилството.
- Овие проценки упатуваат на оправдан страв дека осомничениот би можел не само да ги повтори досега сторените дела, туку и да стори потешко дело, односно да го оствари делото со кое се заканува- наведуваат од Обвинителството.
Постапувајќи согласно зајакнатиот механизам за итна меѓуинституционална координација во предметите поврзани со семејно насилство, Обвинителството презема дејствија за обезбедување на доказите.
Јавниот обвинител оцени дека целта на притворот не може да се постигне со поблага мерка, поради што предложил определување притвор како најстрога мерка за обезбедување присуство.
МИА
Ново на Сител
-

Одбележан Светскиот ден на детето
-

Законот за плажи до новата туристичка сезона
-

Се очекуваат нови вработувања поголеми блок дотации од државата за Домот за стари лица во Прилеп
-

Собраниската надзорна расправа за Алта банка продолжува следната недела
-

Тема на денот со Горан Марковиќ, главен извршен директор на Македонски Телеком
-

Декларација за мир потпишана на историската средба меѓу претседателите на САД, Русија и Кина
-

Истражните органи влегоа во Макстил – Се проверува дали фабриката загадува надвор од дозволените параметри
-

Со акциски план ќе се бара решение за неконтролираното движење кравите низ Крива Паланка
