-->
-->
646 казни на првиот ден од „Безбеден град“
-->

Министерството за внатрешни работи попладнево испрати официјални информации според кои во текот на вчерашниот ден од страна на системот „Безбеден град“ регистрирани се вкупно 646 прекршоци.
„Во текот на вчерашниот ден (01.02.2026) од страна на системот Безбеден град констатирани се следните сообраќајни прекршоци:
За минување на црвено светло констатирани се 64 прекршоци, од кои на територија на Скопје 35, Тетово пет, Куманово 24.
За возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 582 прекршоци, од кои 445 во Скопје, 36 во Тетово, 31 во Куманово и 70 на коридорите.
Притоа изречени се вкупно 101 забрана за управување на моторно возило по основ на двата вида на прекршоци“, стои во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Кос го подготвува нонпејперот за полесно проширување на ЕУ, во Македонија и регионот нема многу оптимизам дека ќе помогне
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-

Обвинение за 23 полицајци
-

Судијата Садула Изаири е новиот член Судскиот совет
-

Предлог Законот за минимална плата од 600 евра стигна во Собранието
-

ЕК не гарантира кога ќе се надмине проблемот на камионџиите, Мицкоски очекува решение во февруари
-

Јавниот долг падна под 60% од БДП
