78 години од ослободувањето на Скопје
Пред 78 години беше маглив ноемвриски ден. Наводенети од преминувањето на надојдената река, неколку пати се вртевме околу еден рид во Катланово, но успеавме да стигнеме во Скопје и да се вклучиме во борбите за ослободување, раскажува 99 годишниот Никола Стојановски. Тошаш имал 21 година и добро се сеќава на сите моменти како во главниот град со неговите другари од велешката бригада се бореле против фашистите за слободна Македонија.
-Учествувавме во борбата кај учителската школа.
-Против кого се бгоревте?
-Против Бугарите. Они беа окупатори заедно со Германците и моравме да се бориме за ослободување и успеавме да создадеме државата да биде демократска, слободна, и да се надеваме да влеземе во Европската заедница и да живееме како европејски народ, изјави Никола Стојановски, учесник во НОБ и претседател на главниот одбор на Сојузот на борци на Македонија.
Тој заедно со неговите другари од Сојузот на борци денеска на 78 годишнината положија венец пред споменикот “Ослободители на Скопје“.
-Мојот прадедо бил Македонец, мојот дедо бил Македонец, мојот Татко бил Македонец, јас сум Македонец, моите синови се Македонци и никогаш нема да бидеме Бугари, она што тие ни наметнуваат дека биле ослободители да ни опростат на тоа. Затоа што тие дојдоа како окупатори овде и потпишаа повелба, изјави Наум Буревски, претседател на градската организација на Сојузот на борците од НОАВМ.
Градоначалничката на Скопје во говорот повика да престане партизацијата за да имаме подобра иднина.
Денеска живееме во слободно Скопје, слободна Македонија, но смета дека ова што му се случува на нашето општество, оваа исполитизираност мора да се надмине. Новите генерации го очекуваат тоа од нас, очекуваат да се обидеме да се надминемне да им обезбедиме подобра иднина, рече Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје.
Цвеќе пред споменикот на ослободителите, како и на партизанските гробишта во Бутел положија и делегации од Собранието, Владата какопретставници на повеќе претпријатија, организации и граѓани.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар