Македонија
14. September 2025 - 13:46

84-годишник сечел дрва, едно паднало врз него и го убило

Тетовската полиција информира дека вчера во нива во близина селото Подбреѓе, Општина Јегуновце, најдено е безживотно тело на 84-годишник од Тетово.

Според информациите на СВР Тетово, тој им подлегнал на повреди откако врз него паднало дрво.

-На 13.09.2025 во 12:05 часот во СВР Тетово е пријавено дека во близина на с.Подбреѓе, Тетовско, е пронајдено тело на починато машко лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а полициски службеници излегоа на местото и констатирано е дека се работи за М.С.(84) од Тетово, кој сечел дрва во неговата нива, при што дрво паднало врз него и од здобиените повреди починал, соопшти СВР Тетово.

 

МИА