Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
Загадениот воздух го “наполни” Водно. Спас од неподносливата миризба која се чувствува неколку дена во Скопје особено навечер викендот се бара на планина или надвор од Скопје.
– Голем број граѓани го искористија убавото и сончево време и дојдоа на Средно Водно пред се да дишат чист воздух.
На излетничкото место затекнавме луѓе кои живеат во подалечни населби од депонијата, но и кај нив се чувствувало загадувањето.
И лекарите советуваат да се користи секоја можност за да се излезе надвор од Скопје за да се подише здрав воздух.
- Проветрувањето на просториите не треба да го занемариме. Во одредени периоди од денот кога релативно не е загаден воздухот сепак да се проветруваат просториите,изјави проф. д-р Катарина Ставриќ, претседателка на Катедрата по семејна медицина на Медицинскиот факултет во Скопје.
Професорката предупредува дека нема орган и систем во организмот кој не е засегнат од аерозагадувањето кое исто така кај трудниците директно влијае и врз развојот на плодот.
-
Алексадар Динев
Сите содржини од овој новинар