Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
Странските партнери ги намалија нарачките за 15 % или целосно ги згаснаа, што резултира македеонските текстилни компании да отпуштат дел од работната рака. Од почетокот на годината 10-тина конфекции ставија клуч на врата, а се проценува дека околу 5000 работници заминале од секторот.
- Од 2010/2012 –та година па наваму текстилната индустрија, посебно производството на облека се наоѓа во една ситуација на постојано опаѓање на бројо тна работниците, а со тоа и опаѓање на производството и извозот. Меѓутоа, после корона кризата тоа опаѓање се засили и особено дојдоа до израз проблемите што ги имаше германската економија како наш најголем трговски партнер на текстилната индустрија. Со почетокот на војната во Украина и енергеткста криза предизвика пад на побарувачката на ттекстилни производи во Германија, што директно влијаеше на работат на нашите конфекции, изјави Ангел Димитров, организација на работодавачи на Македонија
Дополнителен негативен импулс врз текстилството е и недостигот на квалификуван кадар, растот на платите и губењето на конкурентноста во однос на земјите од далечниот исток. Во моментот во секторот работат околу 25 000 вработени од некогашните 65 000, секојдневно има одлив или се затвораат производствените погони, а често работниците тоа го дознаваат последниот ден.
- Работниците треба да бидат запознаени со состојбата во компанијата и доколку компанијата има долгорочни проблеми во обавувањето на својата дејност, навреме треба да бидат запознаени, да не се создаваат дополнителни побарувања кои тешко ќе се наплатат во една стечајна постапка, бидејќи секој стечај кој ќе се предизвика порано, доверителите помалку ќе изгубат, додаде Димитров
Од друга страна, македонските работодавачи се соочуваат со парадоксална ситуација на пазарот на трудот.
- Навистина е чудно да имаме над 100 000 луѓе кои бараат работа, а во овој момент имаме 10 000 работни места отворени во Македонија кои нема кој да ги пополни, додаде Димитров
Во однос на земјите од регионот, Македонија има минимален увоз на работна сила од странство, пред се, поради сложените бирократки процедури.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар