А1 Македонија со нова припејд понуда: повеќе интернет и поголем избор за корисниците

А1 Македонија ја унапредува својата припејд понуда со нови пакети, повеќе мобилен интернет и неограничени национални разговори. Новата понуда им овозможува на корисниците поголем избор во согласност со нивните комуникациски потреби.
Од денес, новите и постоечките А1 припејд корисници имаат на располагање два нови двонеделни пакети. Истовремено, постоечките неделен и месечен пакет вклучуваат значително повеќе интернет, без промена на цените. Новите двонеделни пакети, со важност од 14 дена, вклучуваат:
Двонеделен пакет S – 5 GB национален интернет и неограничени национални разговори за 199 денари.
Двонеделен пакет M – 20 GB национален интернет, дополнителни 2 GB интернет во земјите од Западен Балкан и неограничени национални разговори за 299 денари.
Сите нови припејд корисници кои ќе активираат нова А1 SIM картичка од 19 ноември 2026 година ќе добијат автоматска активација на Двонеделниот пакет M по првиот повик со траење од 14 дена.
Активацијата на новите двонеделни пакети е достапна преку SMS, апликацијата Мојот А1 или во продажните места на А1.
Повеќе интернет по истите цени добиваат и корисниците на постоечките неделен и месечен пакет:
Неделниот пакет вклучува пет пати повеќе интернет, односно 5 GB наместо досегашниот 1 GB, неограничени национални разговори и SMS, за 149 денари, со важност од 7 дена.
Месечниот пакет XL вклучува 30 GB наместо досегашните 10 GB, неограничен интернет за социјални мрежи и неограничени национални разговори и SMS, за 499 денари, со важност од 30 дена.
Дополнителна поволност е новатацена на А1 Припејд дигитална eSIM картичка од 49 денари, наместо редовните 399 денари, за корисниците кои ќе изберат активација преку www.a1.mk.
Со унапредената припејд понуда, А1 Македонија одговара на растечките потреби на корисниците за мобилен интернет со повеќе вредност, поголема флексибилност и слобода во изборот на услуги без договорна обврска.
Повеќе информации за новата припејд понуда се достапни на www.a1.mk.
Комерцијален текст.
Ново на Сител
-

МВР со апел – заштитете ги децата од опасностите од насилната „764” онлајн група
-

Активисти од „Ниту една повеќе“ и граѓани блокираа пред Владата
-

Разликата меѓу синдикалната и владина октомвриска кошничка над 11.000 денари
-

Следната среда продолжение на надзорната расправа за Алта
-

Почна амандмантската расправа за Буџетот
-

Судијата Ристов го оспорува начинот на собирање на доказите
-

ОЈО Охрид: Поднесено обвинение против две лица и две фирми поврзани со смртта на Љушев
-

Светски ден на детето
