Академската заедница повикува на интеграција на Западен Балкан во ЕУ
Академската заедница се повеќе настојува земјите од Западен Балкан што поскоро да се најдат во рамките на Унијата. Конфликтите на Северот на Косово, во Палестина и Украина, се нови безбедносни предизвици во однос на кои ЕУ треба да истапи сериозно за да не дојде до понатамошни дестабилизации во регионов.
- Европската Унија треба да биде свесна дека доколку не пристапи кон брз влез на државите од Западен Балкан, ќе се зголеми потенцијалот за можни натамошни дестабилизации во регион, имајќи ги предвид сите оние процеси кои се случуваат во нашето пошироко соседство и на континентот, изјави Васко Наумоски, Академија за европски интеграции од Скопје
- Сметаме дека регионот премногу чека и треба да се истапи со конкретни чекори без многу симболизми за да може да се охрабри регионот и да продолжи на својот евроатлански курс, изјави Катерина Ивановска, Центар за европски студии „Вилфрид Мартенс“.
Проширувањето во Европската Унија не е само политичко, туку станува и безбедносно прашање.
- Во денешни времиња, полни со предизвици, закани на сајбер напади итн., несомнено се наметнува потребата да се дискутира, да се развива и да се негува академската мисла на овие простори и на овие тематики, изјави Ана Никодиновска-Крстевска, проректор за меѓународна соработка на УГД – Штип.
Панел дискусијата на УГД на тема „ЕУ и НАТО на Западен Балкан во контекст на новите политички и безбедносни предизвици“ беше во насока на развивање и подигање на научната мисла и развивање свест меѓу населението и студентите за вредностите на меѓународниот поредок.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар