Акција за собирање на донации во Струмица
Додека на една страна постојат голем број лица кои немаат ниту по еден оброк дневно, на друга се фрлаат огромни количини храна.
Одредени статистики со кои располага хуманитарното здржение Љубезност велат дека во просек на годишно ниво во Македонија се фрлаат од 6 до 12 000 тони храна.
Од таму додаваат дека се работи претежно за вишок, а не за остатоци од храна коиј пресметано во пари чини околу 10 милиони евра. Од здржението потенцираат дека овие показатели се добиени врз основа на многу малку истражувања и оскудни податоци со кои располагаат организациите што се занимаваат со оваа проблематика, додека реалната бројка била многу поголема.
-Официјалната статистика од 2016 година покажува дека 21% од населението во Македонија е во ризик на сиромаштија, односно неможе да си обезбеди еден, два или три оброци во текот на денот. Тие проценти ако ги претвориме во бројки тоа значи дека околу 400 до 450 000 луѓе се наоѓаат во оваа категорија, вели Тони Станковски, претседател на хуманитарното здружение Љубезност.
Во рамките на нивните хуманитарни активности здржението Љубезност во Струмица организираше акција за собирање донации, пред се во храна и хигиенски средства наменети за лицата од социјално загрозените семејства и бездомниците.
-Локациите ни се стационирани близу до големи маркети и нашиот повик е да донираат храна и хиенски средства, така да граѓаните купуваат производи и ги донираат на самите пунктови, вели Станковски.
Дел од податоците со кои располага здружението велат дека 30% од храната која се произведува или пак увезува завршува на отпад. Токму затоа од Љубезност апелираат до сите во општествеото, наместо го фрлаат вишокот на храна да го донираат и да им помогнат на оние кои се повеќе гладни отколку сити.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
