-->
-->
Ако уште еднаш му се повтори ќе биде разрешен, кажа Мицкоски за Идризи кој одби да одговори на македонски на новинарите
-->
Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека ќе го разреши директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи ако уште еднаш му се повтори да не се обрати на македонски јазик.
„Ќе биде разрешен директорот на инспекторатот за употреба на јазиците ако уште еднаш му се повтори да не се обрати на македонски јазик во Парламентот“, кажа Мицкоски.
Претходно директорот одби да се обрати на македонски јазик пред новинарите, упатувајќи ги наместо тоа да чекаат писмено соопштение, додека пак претходно се обраќаше на албански јазик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
