Албанскиот премиер Рама реагираше по протестот и насилствата на опозиција, во кој се повредени 19 полицајци, а приведено е 21 лице

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше по синоќешниот протест и насилството, пред Владата и Парламентот, наведувајќи дека „Демократската партија е единствената партија во демократскиот свет што практикува насилство“.
Во реакција на платформата „Икс“, Рама бара да се задоволат правдата за повредените полицајци и да се казнат оние што фрлале пиротехнички предмети, што тој ги нарекува „оружје со смртоносен капацитет“.
„Ова се рачно изработените бомби со кои полицајците беа нападнати, запалени и повредени синоќа, од единствената политичка партија во демократскиот свет што практикува насилство и втора во историјата на целиот свет – по онаа на озлогласениот Роберт Мугабе од Зимбабве – предводена од заблуден осумдесетгодишник (Бериша)!“, напиша Рама.
Додава дека што се однесува до политичката судбина на овој нов циклус улични немири, таа ќе биде напишана како и обично на изборите следната година ,со уште подлабок пораз од претходните, додека „ние ќе продолжиме со несмален интензитет по патот кон Албанија 2030 во Европската Унија“.
Во меѓувреме Министертвото за здравство информираше дека од фрлени молотови котели, пиротехнички средства и тврди предмети, повредени се 21 лице, од нив 19 полициски службеници, кои главно имаат изгореници на есктремитетите. Еден демократски пратеник е повреден при судир со полицајците, како и еден граѓанин.
Министерството за внатрешни работи објави дека се приведени 19 лица, меѓу нив четворица малолетници и оти продолжуваат активностите за идентификација на други лица.
МИА
Ново на Сител
-

Македонски возач протеран од Германија - надминал 3 дена од дозволените во Шенген зоната
-

Андоновски: Не забрана, туку родителска контрола на социјалните мрежи кои ги користат малолетниците
-

Преглед на вестите од светот
-

ССМ утре продолжува со блокадите
-

Реална училишна компанија, од клупа на практична работа
-

Преглед на вестите од светот
-

Расте понудата, но расте и цената – апсурдите на пазарот на недвижности
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
