Македонија
11. February 2026 - 16:32

Македонски возач протеран од Германија - надминал 3 дена од дозволените во Шенген зоната

Македонски возач протеран од Германија - надминал 3 дена од дозволените во Шенген зоната. Поминал со казна од 150 евра, но морал да купи и авионски билет за да ја напушти земјата.

Му било дозволено камионот да го предаде на друг колега, за да ја пренесе стоката до саканата дестинација.

Поминал подобро од превозник од  Босна, кој добила забрана за влез од една година, велат од Макамтранс.

Алармот Здружението на превозници  од регионот го подигна  – побараа итен состанок со Европската Комисја за решавање на статусот на професионалните возачи. 

Правилата од Брисел се ригорозни – ако втор пат се фати истиот возач со надминати денови, може да добие забрана за влез од 5 години.

Затоа од  Макматранс препорачуваат превозниците да ги избегнуваат пристаништатата  во  Росток и Салзбург, кои се  мапирани како места каде најчесо се врши контрола. 

За проблемот кој го имаат професионалните возачи од  Македонија, Србија, Црна Гора и Босна, 4 дена ги блокираа граничните премини со земјите членки на Унијата.

Комисијата најави преодно решенеие за овие возачи, ное се уште не е донесено.