Алиу: Отворен Центар за третман на дебелина кај децата на Детската клиника

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за детски болести, каде што е отворен Центар за менаџирање и третман на обезност, односно дебелина кај децата. Потребата од ваков специјализиран центар е резултат на податоците од Институтот за јавно здравје и Клиниката за детски болести, според кои над 30 отсто од децата на возраст од шест до девет години во Македонија се со зголемена телесна тежина, а речиси 14 проценти од нив се соочуваат со екстремна дебелина.
- Отворањето на овој центар претставува исклучително важен и долгоочекуван чекор во нашиот здравствен систем. Детската дебелина не е само естетски или нутриционистички проблем, туку комплексна состојба, која бара ран и мултидисциплинарен пристап. Затоа овој центар овозможува тим од педијатри ендокринолози, нутриционисти, психолози и физијатри заеднички да работат со децата и со нивните семејства. Како и кај другите центри за менаџирање со дебелина во државата, пристапот до услугите се одвива преку системот „Мој термин“. Матичниот лекар или матичниот педијатар првин ја евидентира состојбата и доколку има потреба од специјалистички третман, издава упат директно за Одделот за ендокринологија со молекуларно-генетска дијагностика, во чиј состав е и Центарот на Детската клиника. Таму се спроведуваат детални молекуларно-генетски, хормонални и метаболистички испитувања за да се утврди точната причина за обезноста и да се одреди индивидуален план за лекување - појаснува министерот Алиу.
Навремениот третман на дебелината кај децата спречува појава на сериозни здравствени проблеми во тинејџерските години и во подоцнежна возраст, како што се дијабетес тип 2, кој сè почесто се јавува кај децата, кардиоваскуларни нарушувања и висок крвен притисок, ортопедски проблеми, односно деформации на зглобовите и колената, како и психолошки проблеми, социјална изолација и стигматизација.
Ново на Сител
-

За првпат во Македонија ќе се полага три вида матура
-

Македонците одбиваат пари за да го променат политичкото убедување покажуваат европските истражувања
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Не сум оптимист по последната средба
-

Инклузија на младите во политиката
-

Во струмичкиот затвор осудени лица добиваат можност да го завршат средното образование
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
