Апел за штедење вода, зголемената потрошувачка предизвикува прекини
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје упати апел до граѓаните за рационално користење на водата за пиење, поради енормно зголемената потрошувачка која надминува 350.000 метри кубни дневно.
Од претпријатието нагласуваат дека ваквото зголемено и неконтролирано трошење на вода, особено во летниот период, сериозно ја нарушува стабилноста на водоснабдителниот систем. Како последица, системот работи со намален притисок, а делови од градот се соочуваат со повремени прекини во водоснабдувањето.
Граѓаните се замолуваат да избегнуваат полевање на тревници и дворови, разладување на улици, како и сите форми на непотребно трошење вода за време на топлите денови.
Воедно, ЈП Водовод и канализација ги повикува скопјани доколку забележат истекување на вода, веднаш да го пријават на телефонскиот број 02 3073 010, преку е-пошта на kontakt@vodovod-skopje.com.mk, или на веб-страницата www.vodovod-skopje.com.mk.
МИА
Ново на Сител
-
Во Прилеп синоќа започна одбележувањето на годишнината од Карпалак
-
Дурмиши вели овој состанок им е последна опомена и ако продолжат со неосновано поскапување ќе има многу строги мерки
-
СДСМ: Инфлација од 4,8% – промашените политики на власта го туркаат народот во сиромаштија
-
Вработените во Флораком и Луна од 10 часот почнаа протест поради неисплатени плати
-
Има ли доволно сместувачки капацитети на брегот на Охридското Езеро?
-
Зголемување на финансиските средства во буџетот на Општина Штип
-
Преглед на вестите од светот
-
Антикорупциска ќе пресече дали Собранието да ѝ избере претседател пред изборите