-->
-->
Арагчи: Иран не поставува пречки во Ормуската Теснина
-->

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, денеска изјави дека Иран не создал никакви пречки за пловидба низ Ормуската Теснина и ги обвини САД за предизвикување блокада во регионот.
„Ормуската Теснина е отворена за сите комерцијални бродови, но тие мора да соработуваат со нашите поморски сили“, рече Арагчи во интервју за иранската државна телевизија „Прес ТВ“, објави агенцијата Тасним.
Тој оцени дека морезуот во моментов „најмногу пати поради американската агресија и блокадата што му ја наметна Америка“.
„Ние не создадовме никакви пречки! Америка е таа што ја создаде блокадата“, рече шефот на иранската дипломатија.
Арагчи изрази надеж дека ситуацијата ќе се реши со укинување на, како што изјави, „нелегалната блокада“ што ја наметнаа САД.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Забранета водата за пиење во осум охридски села
-

Преглед на вестите од светот
-

Втора сесија на стратешкиот дијалог во САД
-

Кампања на ДКСК за етичко и законито лобирање
-

Охрид ќе добие нови летни сцени
-

Индустрискиот симбол на Штип што исчезна
-

Започна доасфалтирање и доуредување на улиците во индустриската зона „Металец“ кај Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
