Аркин Јахији ја презеде функцијата градоначалник на Општина Брвеница

Претседателката на Општинската изборна комисија Брвеница Недиме Салаи денеска му го предаде решението за градоначалник на Аркин Јахији.
Тој беше избран за нов градоначалник на Општина Брвеница, по вториот круг за предвремени избори на 1 ноември кога освои 4.442 гласови наспроти Стојанчо Радичевски кој имаше 4.184 гласови.
По доделувањето на решението, Јахији се обрати кон вработените во општината и медиумите, при што истака дека во неговата изборна програма истакнувал залагања за една пофункционална општина, нови работни места, една општина за младите и семејствата и локална власт со одговорно управување.
Според него, во иднина во општината ќе се отворат две нови канцеларии, една канцеларија за иселениците и една канцеларија за бесплатна правна помош.
- Јас како градоначалник на Општина Брвеница ќе бидам отворен за сите граѓани без разлика на етничката, партиската и било која друга припадност.
Вратата на општината ќе биде отворена за сите, ние ќе бидеме блиску до граѓаните за да олесниме нивниот живот, истакна Јахији.
Вработените во општината му посакаа добредојде во торта, која Аркин Јахији ја подели. Аркин Јахији е роден на 17 март 1981 година во Тетово.
Во 2005 година дипломирал како правник на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), а во 2015 година таму стекнал и титула Магистер по компаративна јавна администрација на Европската Унија.
Има долгогодишно искуство во државната администрација.
МИА
Ново на Сител
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
-

Почна расправата за Законот за јавни набавки
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Над 30 члена брои листата поканети говорници на надзорната комисија за Алта банка
-

Изгласан вториот ребаланс на буџетот
-

Трамп ја номинира адвокатката Кристи Меккормик за нова амбасадорка во Македонија
-

Нацрт-верзиите на Кривичниот Законик и Законот за кривична постапка отпатуваа за Брисел
-

До февруари „Сејф Сити“ низ цела држава – Годишно се очекуваат 10 милиони евра од казни во буџетот
