Аудито на Мерко од 67.000 евра оди на надавање, почетна цена 10.000 евра
Луксузниот службен автомобил „Ауди А6“, кој Општина Струга го набави за 67.000 евра за време на мандатот на поранешниот градоначалник Рамиз Мерко, ќе оди на продажба преку јавно електронско наддавање со почетна цена од 10.000 евра. Одлуката за продажба ја донесе Советот на Општина Струга.
Од општината појаснуваат дека возилото е предмет на редовна годишна амортизација од 15 проценти, што значително ја намалило неговата сегашна пазарна вредност. Проценката е направена од лиценциран проценител, а утврдената сума ќе служи како стартна цена на аукцијата.
Воедно, автомобилот бил сервисираn и поправан во два наврати – во март 2024 и јануари 2025 година, при што од општинскиот буџет биле издвоени околу 4.000 евра за одржување.
Од Општина Струга наведуваат дека конечната продажна цена ќе се формира во текот на електронската аукција, зависно од интересот на учесниците.
Поранешниот градоначалник Рамиз Мерко, пак, беше ослободен од обвиненијата поврзани со набавката на возилото, откако судот оцени дека не е утврдено кривично дело, ниту злоупотреба на службената положба.
Ново на Сител
-

Дрвокрадци го пустошат дрвниот фонд на Македонија
-

Селекција на отпад
-

Преглед на вестите од светот
-

Колапс на македонската економија ако не се одложи ЕЕС системот за превозниците
-

Тема на денот со Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ
-

Власта обезбеди 2/3 мнозинство за Сејф сити и омбудсманот без СДСМ и ДУИ
-

СДСМ бара враќање на членот 353 од кривичниот законик кои сами го укинаа, за ВМРО-ДПМНЕ ова е лицемерно
-

Филков: Случајот со заѕиданите 350 илјади евра кај судија е симбол на неказнивост
