Австралија го повикува Израел да се откаже од планот за преземање воена контрола врз Газа
Австралија го повика Израел да не презема воена контрола врз Газа, велејќи дека таков потег дополнително ќе ја влоши хуманитарната криза во енклавата.
-Австралија го повикува Израел да не го следи овој пат, што само ќе ја влоши хуманитарната катастрофа во Газа, изјави министерката за надворешни работи Пени Вонг.
Вонг нагласи дека трајното присилно раселување е кршење на меѓународното право, повторувајќи го својот повик за прекин на огнот, непречен проток на хуманитарна помош и ослободување на заложниците што ги држи Хамас од октомври 2023 година.
Таа рече дека решението за две држави - со Палестинците и Израелците кои живеат еден до друг во мир и безбедност во рамките на меѓународно признатите граници - е „единствениот пат кон траен мир“.
Австралија сè уште не одлучила дали ќе ја признае палестинската државност, за разлика од Обединетото Кралство, Канада и Франција, но рече дека ќе донесе одлука „во соодветно време“.
Соопштението дојде откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за „Фокс њуз“ објави дека Израел има намера да преземе воена контрола врз цела Газа, со идеја подоцна да ја предаде територијата на арапските сили, без да прецизира кои земји би биле вклучени.
По вчерашниот состанок на кабинетот за безбедност, кабинетот на Нетанјаху потврди дека е одобрен план за заземање на градот Газа, а воедно и обезбедување хуманитарна помош за цивилите надвор од борбените зони.
МИА
Ново на Сител
-
Во Прилеп синоќа започна одбележувањето на годишнината од Карпалак
-
Дурмиши вели овој состанок им е последна опомена и ако продолжат со неосновано поскапување ќе има многу строги мерки
-
СДСМ: Инфлација од 4,8% – промашените политики на власта го туркаат народот во сиромаштија
-
Вработените во Флораком и Луна од 10 часот почнаа протест поради неисплатени плати
-
Има ли доволно сместувачки капацитети на брегот на Охридското Езеро?
-
Зголемување на финансиските средства во буџетот на Општина Штип
-
Преглед на вестите од светот
-
Антикорупциска ќе пресече дали Собранието да ѝ избере претседател пред изборите