-->
-->
„BioCosmos“: Фабриката „Mirana“ не е зафатена, пожарот избувна од гром
-->
Од „BioCosmos & Mirana“ информираат дека пожарот во производствениот погон на „BioCosmos“ избувнал како резултат на удар од гром.
Потенцираат дека фабриката Мирана не е зафатена од пожарот.
„Ве информираме дека денес избувна пожар во производствениот погон на BioCosmos како резултат на удар од гром. За среќа, пожарот е во тек и под контрола но нема повредени. Дел од просториите на BioCosmos се оштетени и ќе бидат привремено надвор од употреба.
Сакаме јасно да нагласиме дека фабриката Mirana, која се наоѓа во истиот комплекс, не е зафатена од пожарот и производството таму продолжува нормално.“, соопштуваат оттаму.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министри во трка за локалните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
-
Што одлучи Советот за безбедност?
-
Трамп ја преполови царината за Македонија