Битиќи: Нема да има зголемување на цената на електричната енергија за граѓани и компании од тарифен Блок 1 и 2
Ако не трошите многу струја нема да добиете повисоки сметки од први јануари, уверува вицепремиерот за економски прашања на десетина дена пред официјално да биде објавена новата цена на струјата.
За ВМРО-ДПМНЕ новововедениот „данок на луксуз“ претставува уште еден товар на грбот на граѓаните и компаниите.
„Проблемот кој ќе се создаде е врз грбот на граѓаните кои живеат надвор од градовите, врз граѓаните и студентите кои живеат под кирија, затоа што токму на нив ќе падне товарот од сметката за струја од станот или куќата во која престојуваат, а е нечив втор имот“, вели Митева.
Митева на денешната прес-конференција кажа дека ова не било единственото зголемување на цената на струјата.
„Ни се заканува уште поголем ценовен потрес поради зголемувањето на цената која државната ЕЛЕМ ја понудила кон универзалниот снабдувач за 1 мегават час енергија, а тоа е 57 евра, наместо досегашните 53 евра за мегават час“, изјави Митева.
До крајот на годината, Регулаторна треба да ја објави новата цена на струјата. Според информациите кои беа соопштени вчера, енергетските компaнии бараат од Нова година да се плаќа за 27% поскапа струја.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
