Бизнис
26. January 2026 - 16:39

Бизнисот брои штети, Комората смета дека блокадите не се решение

Блокадите на граничните премини не се решение за транспортерите.

Проблемот треба да се решава преку институциите,за да се најде  траен и одржлив систем за професионалните возачи. Ова е ставот на Стопанската Комора, од каде сметаат дека нарушениот проток на стоки на само еден, а не пак цела недела, сериозно ќе ги погоди извозните  компании.

- Засега никој не може да каже колкави ќе бидат загубите бидејќи тие ќе бидат по повеќе основи: пенали за задоцнета испорака, откажување на договори, намалено производство, нереализиран извоз, неможност за навремено производство ради недостаток на суровина итн, но сигурно е дека загубите ќе бидат од големи размери, што не е во ничиј интерес, изјави Даниела Михајловска Василевска, советник во Кабинетот на претседателот на СКСМ 

Покрај домашните, кои извезуваат на странските пазари, сите компании лоцирани во зоните,100 % од своето произвство  го извезуваат. Приемата на новите  правила за влез и излез од Шенген зоната , ќе им нанесе сериозни штети и значиелно ќе им ги згоелми трошоците,  но за сега нема најави дека некоја би ја напуштила земјавата  , вели првиот човек на ТИРЗ

 - Колку загуби ќе претрпат странските компании лоцирани во зоните, ако не се заклучно со денес такви најави немаме од ниедна компанија во ТИР зоните. Имено, Владата сериозно е вклучена во изнаоѓање на решение на овој регионален проблем кој ги засега сите земји од Западен балкан, се со цел македонската економија да не трпи сериозна штета. 

Компаниите кои се лоцирани во зоните вработуават 17,000 лица, но индирктно соработуваат и со многу домашни фирми., како нивни добавувачи.Од вкупниот извоз во земјава, кој според статистика до ноември изнезува 7,4 милиони евра , 60%, или 4,4 милиони евра е извозот токму од фирмите во зоните.

Битно е да се напомене фактот дека сите компании во своето оперативно работење имаат деловна соработка со многу домашни компании со што истото сериозно влијае на целокупниот ефект врз домашната економија односно сериозен е ефектот што странските компании го имаат врз БДП во државата во целост. 

Европската  Унија е нашиот најголем трговски партнер, а Германија и Велика Британија се земјите каде најмногу извезуваме.

За проблемот бизнисот алрамираше уште пред половина година во Брисел, а минатата недела беа и во претставништвото на ЕУ во земјавата.

Промани во ставот, од европска  страна, за сега, нема.