Бројот жртви во земјотресите во Венецуела достигна 4490 загинати

Најмалку 4.490 лица загинале во двата разорни земјотреси што минатиот месец ја потресоа Венецуела, соопшти претседателот на Националното собрание Хорхе Родригес.
Бројот на жртвите продолжува да расте повеќе од две недели по силните потреси. Само ден претходно, официјалниот број загинати изнесуваше 4.333 лица.
Родригес, брат на привремената претседателка на Венецуела Делси Родригес, соопшти преку платформата „Икс“ дека во 108-те отворени засолништа се сместени повеќе од 19 илјади луѓе кои останале без своите домови по земјотресите.
Два силни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала ја погодија Венецуела на 24 јуни, по што следуваа повеќе од илјада послаби последователни потреси.
Во потресите се целосно уништени или тешко оштетени повеќе од 850 објекти, а најголеми штети претрпе крајбрежниот град Ла Гваира, во близина на главниот град Каракас.
МИА
Ново на Сител
-

Народна банка: Алта банка продолжува да работи, се бара нов сопственик
-

Интерпелација за Славески и надзорна комисија за работењето на Алта банка
-

Уапсен сопственикот на Алта банка во Србија
-

ДУИ ја слави Брвеница, владејачките партнери си ја префрлаат вината
-

Сиљановска-Давкова со честитка до Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците
-

Законот за координација на безбедносните служби пред матичната комисија
-

Поскапуваат горивата
-

Четврти потврден случај со морбили во Македонија – Се проверува дали се поврзани
