Бурна новогодишна ноќ за дежурните лекарски служби, двегодишно дете со повреди од огнено оружје

Бурна новогодишна ноќ имале лекарите на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Примени се пациенти од сообраќајни незгоди, пациенти со повреди здобиени од пад од висина, повредени од пиротехника, пациенти во алкохолизирана состојба, како и едно двегодишно дете со повреда во главата од огнено оружје.
Дежурните екипи денеска оценија дека бројот на повредени за време на новогодишната ноќ е значително зголемен во споредба со претходните години, а дел од случаите се поврзани со алкохолизирана состојба.
Во текот на ноќта биле евидентирани три сообраќајни незгоди, а околу 20 пациенти со лесни телесни повреди откако биле прегледани, се пуштени на домашно лекување.
Една 17-годишна пациентка од Тетово била примена со тешка телесна повреда и, како што изјавија лекарите, во моментот додека ја даваа изјавата, кај неа се изведувала хируршка интервенција.
Во Скопје не се евидентирани тешки сообраќајни незгоди, а причината за тоа, како што посочија, најверојатно е функционирањето на системот Безбеден град.
На клиниките примени се и тројца политрауматизирани пациенти по пад од висина. Меѓу нив е и 30-годишен маж, пронајден паднат во реонот на Буњаковец, кој бил во животозагрозувачка состојба и кај е него извршена операција на ’рбетниот столб. На Неврохирургија е примен и 16-годишен пациент од Штип, исто така по пад од висина.
Лекарите како тежок случај го посочија случајот со двегодишно дете без познати лични податоци примено на интензивна нега со прострелна повреда на главата од огнено оружје. Детето е во животна опасност, а засега нема официјални информации за околностите под кои се случил инцидентот.
Во текот на ноќта се регистрирани и осум физички напади. Шест пациенти со телесни повреди се пуштени на домашно лекување, а едно лице имало површна повреда од нож.
Регистрирана е и прострелна повреда во пределот на лактниот зглоб кај пациент од Скопје, а настанот се случил во Прилеп.
Во однос на пиротехниката, лекарите информираа дека вкупно 20 пациенти се примени со повреди, а меѓу нив има и деца на 12 и 13 години кои се згрижени на Детската клиника и кои ќе бидат оперирани.
На Клиниката за трауматологија е примен 69-годишен пациент со повреди на левата подлактица и шака од пиротехника, додека три лица со полесни повреди ќе бидат пуштени на домашно лекување.
МИА
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
