Честитка од Ѓорѓиевски за Водици: Нашата вера, традиција и духовни вредности живеат и се пренесуваат од поколение на поколение

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски по повод празникот Богојавление – Водици денеска упати честитка до сите православни верници, свештенството, учесниците во празничните чествувања и до најсреќниот верник Дарко Митровиќ, кој го извади светиот крст од реката Вардар.
- Бог се јави! Денешниот ден е длабоко значаен и величествен. Ден кога го славиме Богојавление, светото крштевање на Господ Исус Христос, една од најсветите тајни на Христијанството, симбол на духовно раѓање, вера и прочистување на човековата душа. Овој празник за мене има и посебна лична тежина, бидејќи денес го одбележувам и мојот именден, што го прави чувството уште посилно и поблагодарно. Масовноста, сплотеноста и заедништвото на мојот народ, кои денес јасно ги сведочиме, се силен доказ дека нашата вера, традиција и духовни вредности живеат и се пренесуваат од поколение на поколение, како темел на нашиот идентитет и опстојување. Го честитам празникот на сите кои денес беа дел од овој свет и возвишен настан, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.
Градоначалникот Ѓорѓиевски упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, како и до целото свештенство кое го предводеше овој свет чин во духот на нашата вера и вековна традиција.
- Им честитам и на сите скокачи кои, во навистина голем број, покажаа храброст и духовна сила обидувајќи се да го извадат Светиот Крст од водите. Посебна честитка до најсреќниот Дарко Митровиќ, кој го извади Светиот Крст од осветените води на реката Вардар. Му посакувам добро здравје, среќа и радост, како и од Бога благословена година за него и неговото семејство. Да сте ми сите здрави и живи и догодина уште побројни, посложни и повесели! Бог се јави!, се наведува во објавата на Фејсбук.
МИА
Ново на Сител
-

Охридските хотелиери и угостители нудат примамливи понуди за Богојавление
-

Над 140 лица заинтересирани за скокање по светиот крст – манифестацијата утре почнува во 9 часот
-

Нова метода за лекување на мозочен удар во Прилеп, најважно е да се делува во првите 4 часа од ударот
-

За повисоките плати, универзитетските професори ќе мора да испорачаат подобри резултати
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност и претседател на ЦИБ
-

Жан Митрев обвинува, Филипче најавува тужби, ВМРО-ДПМНЕ бара истрага
-

Филипче: На седница ќе го кажеме ставот за Законот за прекршоци
