Македонија
18. January 2026 - 16:46

Охридските хотелиери и угостители нудат примамливи понуди за Богојавление

Со големи попусти до повеќе туристи. И оваа година по традиција охридските хотелиери и угостители  нудат примамливи понуди за најмасовната културно –верска манифестација Богојавление-Водици се со една идеја привлекување на што поголем број туристи.

Кон празникот Водици охриѓани имаат посебен култ ,а  традиционалните духовни и верски обичаи во Охрид се понагласено стануваат туристички атракции, и го привлекува вниманието на голем број верници, гости, туристи и посетители кои сакаат повторно да се вратат на овој ден .

Илјадници верници од земјава и странство се очекува да присуствуваат на осветувањето на водите на Охридското езеро но манифестацијата не завршува тука продолжува и следниот ден на 20 јануари за Денот на рибарите на Сараиште.