Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 28 Септември - Меѓународниот ден на Бошњаците
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 28 Септември - Меѓународниот ден на Бошњаците испраќа наjсрдечни честитки до сите наши сограѓани, припадници на бошњачката заедница.
-Овој значаен празник претставува симбол на стремежот за афирмација на идентитетот, традицијата и вредносниот систем на Бошњаците, како интегрален дел од културно-политичкиот простор на Балканот. Несомнено, празнувањето на овој датум е потсетник дека животот на секоја заедница добива полна смисла само тогаш кога е признаен, почитуван и валоризиран во општеството, се вели во честитката од Сиљановска-Давкова.
Во една современа и демократска држава каква што се стреми да биде нашата Република, местото на секоја етничка заедница не е маргинално, туку суштинско: во процесите на соживот, граѓанска кохезија и посветено работење за подобра иднина. Впрочем, вистинскиот напредок на едно општество не се мери само со економски параметри, туку и со степенот на почитување и вклучување на сите негови граѓани, независно од етничката, верската или културната припадност. Во оваа смисла, Меѓународниот ден на Бошњаците е и можност за рефлексија, да се потсетиме дека заедништвото не е само политички идеал, туку практична и суштинска потреба за стабилност и хармонија во општеството. Тоа бара заемна доверба, искрен дијалог и отвореност кон различноста, вредности коишто македонските граѓани отсекогаш ги имале и продолжуваат да ги негуваат и развиваат.
-Нека денешниот празник биде инспирација за продолжување на заедничкиот пат кон општество на еднакви можности, достоинство и шанса за сите. На Бошњаците, но и на сите сограѓани, им посакувам празник исполнет со гордост, радост, среќа и позитивни мисли. Да ни е честит 28 Септември – Денoт на Бошњаците, стои во честитката од Сиљановска-Давкова.
МИА
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова и Муцунски ја продолжуваат посетата на САД во Детроид на средба со дијаспората
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и врски
-
Анкета на МКД.мк: ВМРО-ДПМНЕ И Мицкоски имаат најголема доверба кај граѓаните
-
За Мицкоски СДСМ одработува за туѓа агенда, за Филипче предлог резолуцијата е најпатриотскиот документ
-
Нови казни, стари навики
-
Што ќе покаже стручниот надзор за седумгодишното дете кое почина во тетовската болница?
-
Откриена спомен бистата на полицаецот Тоше Тодоровски, кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“
-
СДСМ: Спие ли мирно Панче Тошковски за случајот со Росица во Велес, оставка кога?