Откриена спомен бистата на полицаецот Тоше Тодоровски, кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“
Поставена спомен бистата на полицаецот Тоше Тодоровски во кругот на полициската станица во Пробиштип. Тодоровски трагично го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кога извршувал службени задачи за контрола на наркотици во диско клубот. Во моментот кога избувнал пожарот, тој останал внатре и не успеал да се спаси.
-Тоше не загина залудно, тој загина спасувајчи млади човечки животи и сум сигурен дека неговата смрт придонесе до тоа да денеска имаме барем едно дете живо и здраво. Хероите живеат вечно, Тоше ќе живее вечно, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.
Претседателот на Нeзависниот синдикат на полицијата во своето обраќање истакна дека тие не се само колеги кои ја делат униформата, туку се дел од едно големо полициско семејство.
Нека оваа биста не биде крај на една тажна приказна, туку почеток на една нова полициска совест, за солидарност, поддршка и почит, изјави Мартин Ефремов, претседател на Независен синдикат на полиција.
Трагедијата во Кочани во која животот го загубија 62 млади лица, а над 200 беа потешко повредни е најголема во поновата историја на Македонија, за која се уште се чека судски епилог.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар