Македонија
1. January 2026 - 9:55

Честитка за Новата година од претседателот на Уставниот суд Костадиновски

Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија Дарко Костадиновски ја честита Новата 2026 со порака таа да биде година во која „Уставот ќе остане цврст темел на нашата заедница, а владеењето на правото заедничка вредност што нè обединува“.

-Во мое лично име и во име на Уставниот суд, ви посакувам Новата година да ви донесе здравје, мир и благосостојба. Нека 2026 година биде година во која Уставот ќе остане цврст темел на нашата заедница, а владеењето на правото заедничка вредност што нè обединува и нè води напред кон просперитетна иднина. Среќна и успешна Нова година, пишува во честитката на Костадиновски. 

 

МИА