Четири лица осомничени дека фрлиле бомба пред куќа во Битола
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против четири лица за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик, бидејќи постои основано сомнение дека заеднички, со учество во дејствие на извршување или друг особен придонес подметнале експлозивна направа пред една куќа.
Како што соопшти Јавното обвинителство, според доказите прибрани по наредба на јавен обвинител во предистрагата, на 12 јули годинава, осомничените активирале и фрлиле бомба М-75 кон куќа на улицата „Охридска”. Притоа, биле оштетени седум паркирани возила и била предизвикана значителна опасност за животот и телото на луѓето во централното градско подрачје.
-Двајца осомничени со моторцикл, директно учествувале во подметнувањето на експлозивната направа, додека другите двајца имале други соизвршителски дејствија со кои го овозможиле и придонеле кон извршување на кривичното дело, се наведува во соопштението.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола предложи да биде определена мерка притвор за четворицата осомничени, од кои еден е недостапен на органите на прогонот во овој момент.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Предвремени избори нема да има, ДУИ да не ги лаже гласачите
-
Прво човек па градоначалник
-
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ лажеше за воздухот
-
Голем пожар избувна попладнево над скопското село Батинци
-
Силјановска: Потребни реформи во ООН
-
До ФЗО се пристигнати пет претставки за сомнителни кардиолошки интервенции од пациенти
-
Синдикалната кошница намалена за над 400 денари, ССМ по подолг период бележи намалени трошоци за живот
-
Секој трет угостител не издава фискални сметки – УЈП ги повика да го платат данокот