До ФЗО се пристигнати пет претставки за сомнителни кардиолошки интервенции од пациенти
Пет кардиолошки пациенти кои се сомневаат дека им се направени непотребни кардиолошки интервенции доставиле претставки до Фондот за здравство. Фондот ќе ги достави претстаките до стручната комисија која ќе ги проверува коронографиите на пациентите и ќе ги споредува со нивните здравствени досиеја, вели директорот на ФЗО, Сашо Клековски.
Првите анализи на стручната комисија која работи на предметите за кардиолошките предмети, треба да ги има резултатите веќе на следниот состанок, кажа заменик министерот за здравство.
„Очекуваме да пристигнат и други материјали што исто така ќе се разгледуваат. Потоа резивија ќе прават странски експерти, кои треба да пристигнат во земјава. Првиот состанок на министерот за здравство со нив ќе биде онлајн, а потоа ќе дојдат тука да направат ревија“.
Независната комисија составена од странски експерти се формираше по наводите на кардиологот д-р. Сашко Кедев дека во приватни клиники се вршат непотребни кардиолошки интервенции само за да им се земат пари на пациентите. Министерот за здравство Азир Алиу имаше средба со д-р. Кедев, а Комисијата треба независно и објективно да утврди дали се правело профит на грбот на пациентите со непотребни зафати.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар