ЦУК: Активни четири пожари, исто толку се под контрола, еден е изгаснат

На територијата на Македонија до денеска на пладне има вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, четири се под контрола, а еден пожар е изгаснат, информираат од Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во општина Македонски Брод, над село Бенче на планината Добра Вода каде гори дабова шума и папрат, во општина Чучер Сандево, село Малино и село Танушевци каде гори мешана шума, општина Липково, село Гошинце каде пожарот има зафатено шума и во општина Долнени, село Ропотово, каде гори ниска вегетација.
Според ЦУК, под контрола се пожарите во општина Гевгелија, Кожуф планина каде гори букова шума, во општина Гази Баба, село Виниче, м.в.Муратица, каде пожарот има зафатено нискостеблеста шума, во општина Студеничани, село Батинци, каде горат ниска вегетација и мешана шума, како и во општина Делчево, каде пожарот ја има зафатено Градската депонија Острец.
Изгаснат е пожарот во општина Гостивар, каде горело жубре во населбата Циглана.
МИА
Ново на Сител
-

Уапсен напаѓачот на бугарската амбасада
-

Собранието ги избра адвокатката Јошевска и професорката Кадри за членови на Судски совет
-

Истрошени се сите средства од Народен правобранител, должиме 70 илјади евра за кирија, вели Руфати
-

Апасиев засега единствен преставник на опозицијата на лидерската кај Мицкоски
-

Четири општини со ново раководство по повторените избори
-

СДСМ алармира за опасно задолжување
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 50 мандати повеќе од СДСМ
