ЦУК: Активни пожари во Прилеп и Долнени
До 12:00 часот на територија на цела држава регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е под контрола, а шест се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни пожари има во општина Прилеп, кај село Беловодица – место викано Ливада и село Лењиште, каде е зафатена букова шума и во општина Долнени, кај селата Стровија и Долгаец, каде гори мешана шума.
Под контрола е ставен пожарот во повеќенаменско подрачје „Јасен“, каде гореше мешана шума.
Во скопскиот регион изгаснати се пожарите на територија на општина Сопиште: кај браната на езерото Козјак (ниска вегетација и шума) и во општина Студеничани: села Горно Количани и Драчевица – планински врв Китка (мешана шума).
Изгаснати се пожарите и во општина Кичево: село Душегубица (ниска вегетација и ниска шума), општина Велес: село Клуковец (ниска вегетација), општина Росоман: село Дебреште (ниска вегетација) и во општина Демир Хисар: село Кутретино (депонија).
МИА
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска