ЦУК: Нема активни пожари, еден под контрола

На територијата на државата денеска до 18:00 часот регистрирани се вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои ниту еден не е активен, а еден е ставен под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Под контрола е пожарот во селото Белица, кај местото викано Кајорец (општина Македонски Брод), со проширување кон Јасен (општина Сопиште) каде гори нискостеблеста и мешана шума.
Изгаснати се пожарите во Општина Гази Баба: с. Инџиково – ниска вегетација; Општина Кисела Вода: ул. Малешевска – ниска вегетација; Општина Битола: кај Еврејските гробишта – ниска вегетација; Општина Битола: с. Карамани – ниска вегетација; Општина Дебар: кон Граничниот премин со Албанија – депонија; Општина Дебар: с. Џепиште – депонија и нискостеблеста шума; Општина Штип: с. Лесковица – деградирана шума, ниски растенија и ниска вегетација; Општина Штип: патен правец Штип – с. Шашаварлија – ѓубре и мал дел борова шума; Општина Карбинци: с. Крупиште – ѓубре; Општина Виница: с. Пеклани – ниска вегетација; и Општина Берово: м.в. Ширината – ниска вегетација
МИА
Ново на Сител
-

УГД - Штип, нулта толеранција за корупција
-

350 илјади евра можеле да ги заштедат родителите на Ристов?
-

Се шират малите сипаници - морбили потврдени кај уште едно дете
-

Средношколците во пратеничките клупи - дебата за дигиталниот свет
-

Полициска акција на УГД
-

Продолжува судењето против судијата Ристов
-

Растат платите во Армијата за 10%
-

СДСМ со интерпелација за Стоиљковиќ
