Македонија
21. January 2026 - 11:44

Даниел Раевски - волонтер и спасувач на Црвениот крст кој за Водици извлече давеник од Вардар

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, јавно упати пофалби до спасувачот и волонтер на Црвениот крст Даниел Раевски, кој за време на централната манифестација по повод Богојавление во Скопје се истакна со храбриот чин – спасување на давеник од надојдените и опасни води на реката Вардар.

„Има нешто посебно во тоа што потекнува од Бутел, нешто и во неговото спортско изградување во Таеквондо клуб Бутел, како и во неговиот ангажман во Џудо клуб Радишани, но најважно од сè е што е чесно, храбро и добро момче. За Водици спаси човечки живот. Браво јунак, браво Даниел!“, напиша Костовски.