Децата го плаќаат „данокот на имунитетот“- зголемен број хоспитализирани во Гевгелија
Тимот специјалисти од универзитетската клиника предводен од доктор Аспазија Софијанова го започна увидот кој треба да ја утврди причината за респираторни инфекции кои се појавиле кај педесетина деца од Гевгелија само за еден месец. Испитувањата треба да утврдат дали се работи за за вирус, мутација на вирус или некој вид на паразит. Доктор Софијанова вели дека гевгелискиот регион не е единствениот и веќе имало и други градови со зголемен број на деца со горнореспираторна симптоматологија Таа не ја исклучува можноста инфекцијата да е резултат на постковид периодот бидејќи децата долго време беа затворени дома без можности за некои поголеми контакти.
Министерот Филипче вели дека ваков тип на инфекции не се карактеристични за летниот период, туку за есен, и затоа се испитува што ги предизвикало.
Од болницата во Гевгелија направиле и тестови на на Ковид 19 кои покажале дека сите деца се негативни на овој вирус.
Децата кај кои се регистрирани респираторните инфекции се на возраст од шест месеци па до пет години. Во моментов, во болницата во Гевгелија хопситализирани се само две бебиња, поради возраста, а дваесетина деца се на терапија, но истите не се задржани во болница.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар