Македонија
25. August 2025 - 8:27

Дел од населба Аеродром денеска без струја

Дел од жителите од Општина Аеродром денеска ќе бидат без струја поради технички зафати во мрежата.

-Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 25.08.2025 година (понеделник), без електрична енергија ќе останат: од 08:30 до 15:30 часот, корисниците на улица „Филип Богдански“ во Општина Аеродром и од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од дел од ул. „Црноризец Храбар“ ( д бр. 2 до бр. 20) исто така во Општина Аеродром) стои во соопштението на РЦУК.

 

МИА