ДЕМОНИТЕ НА ДАВИНЧИ
Историска серија од продукцијата на BBC, базирана на животот на големиот уметник Леонардо да Винчи за време на ренесансата во Италија. Снимена е во Велс, а дистрибуирана е низ 120 земји ширум светот.
Да Винчи е претставен како ексцентричен гениј кој се бори со своите внатрешни демони и несоборлива имагинација, додека длабоко во себе копнее по прифаќање од својот отуѓен татко. Тој полека се вплеткува во политички интриги за контрола врз Фиренца, откривајќи шпион кој протекува информации до Католичката црква и семејството Паци. Во меѓувреме, да Винчи започнува афера со Лукреција Донати, љубовницата на Лоренцо де Медичи.
Овие настани се случуваат паралелно и со потрагата на Леонардо по "Книгата на лисјата", воден од мистицизмот дека откако ќе ја пронајде оваа книга, ќе може не само да ја види, туку и да ја обликува иднината.
Ново на Сител
-

Завршни зборови за сообраќајката зад Влада, пресудата во понеделник
-

Нови можности за работна сила
-

Преглед на вестите од светот
-

Поскапува струјата
-

Муцунски: Ахмети живее во времето од пред 20 години
-

Дебата за измените на Кривичниот законик
-

Мицкоски: Долгорочен план за развој за повисок квалитет на живот
-

Маглата не попушта, Штип 10 дена под аерозагадување
