Демонстрантите во Тирана се судрија со полицијата - оштетени јавни објекти и инфраструктура

Во Тирана и синоќа се одржаа протести, при што демонстрантите фрлаа камења кон полицијата, оштетуваа јавна инфраструктура и палеа клупи и канти за отпадоци низ главниот град, пренесува агенцијата АТА.
Протестите траеја повеќе од 10 часа, дел од демонстрантите се собраа пред парламентот, а други во близина на кабинетот на премиерот Еди Рама, каде што беше распоредена полиција.
Тензиите ескалираа во близина на парламентот, каде што полицијата употреби водени топови за да ги растера демонстрантите, откако тие продолжија да фрлаат камења кон полициските службеници.
Демонстрантите, исто така, запалија канти за отпадоци и клупи на неколку локации, вклучувајќи го булеварот „Маченици на нацијата“, плоштадот „Скендербег“ и улицата „Каваја“, притоа оштетувајќи јавни површини и сообраќајни знаци.
За време на демонстрациите, во кои учествуваа и маскирани лица, како и малолетници, претходно дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата во близина на Министерството за образование и пред кабинетот на премиерот.
Подоцна, демонстрантите се вратија пред кабинетот на премиерот, откако, наводно, постигнале договор со полицијата да се избегне насилство и протестот да продолжи мирно. Полицијата постави безбедносен кордон пред зградата.
МИА
Ново на Сител
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
-

Преглед на вестите од светот
