Десет лица загинаа во шумски пожар во западна Турција
Десет лица - пет пожарникари и пет шумарски работници, загинаа при гаснење на голем шумски пожар во регионот Ескишехир во западна Турција, соопштија локалните власти.
- Девет големи пожари избувнаа во Турција во последните 24 часа, а пожарникарите и другите спасувачки служби се борат со сите расположиви средства, изјави вчера министерот за земјоделство и шумарство Ибрахим Џумакли за новинарите во Анкара.
Тој додаде дека 24 лица се „заглавени во пожарот“ во вчерашниот пожар, а дека пожарот од Ескишехир се проширил во соседната покраина Афјонкарахисар.
- Четиринаесет спасувачи во моментов се на лекување во неколку болници, а пет шумари и пет други спасувачи ги загубија животите, додаде Џумакли.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, исто така, изрази сочувство до семејствата на жртвите.
МИА
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати